Поврзете се со нас

Италија

Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел

Објавено

на

Составот на Џенова е во одлична низа на резултати и веќе седум натпревари не знае за пораз во Серија А, меѓутоа утре ќе има тешка задача да ја продолжи истата со оглед на тоа што му гостува на лидерот Интер.

Тоа е состав против кој Џенова има многу проблеми и тим кој се бори за Скудетото, па тренерот Давиде Балардини е свесен дека ги очекува голем предизвик во Милано.

-Потребна ни е Џенова во добра форма, со самодоверба во своите можности, бидејќи тоа е она што е потребно против најсилниот тим во Серија А. Среќни сме со она што го постигнавме досега, но треба да направиме повеќе за да одиме напред, во спротивно брзо ќе го заборавиме сето тоа.

-Тоа е голем тест за Џенова, играме против најдобрите, играчи со одлична техника и физичка сила. Ние сме желни да ја играме нашата игра на „Сан Сиро“ и да се соочиме со најсилниот тим во лигата, -веле Балардини.

Џенова го нема добиено Интер во Милано од 1994 година, а воедно не треба да се заборави дека наредната седмица ја очекува градската битката против Самдорија.

-Важно е утре добро да играме затоа што само така можеме да дојдеме до позитивен резултат. Нашата цел е добро да играме. Јасно е дека ќе составиме тим, ама ќе размислуваме и за дербито, ама одиме натпревар по натпревар, -порача Балардини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни