Поврзете се со нас

Македонија

Брера го изненади шампионот во Струга и стигна до максимални „три од три“ на стартот на сезоната

Објавено

на

Струга се уште е во игра за влез во групната фаза во Конференциската лига и сите мисли се насочени кон баражот кој следи, па токму поради тоа, тренерот Шпетим Дуро денеска играше со комбиниран тим против Брера Струмица.

Актуелниот македонски првак влезе како фаворит во дуелот со поранешна Академија Пандев, но тимот од Струмица покажува дека е изненадување на стартот на новата сезона и запиша трета победа.

Натпреварот кој се играше крај охридското езеро донесе доминација на гостите во првото полиувреме и Брера можеше да има и поубедливо водство од она од 0:1, а тоа го освести тренерот Дуро кој реши во игра да го стави својот најдобар фудбалер.

Бесарт Ибраим брзо израмни на 1:1 и го неутрализираше погодокот од првиот дел кој беше дело на Крстевски, па кога се очекуваше теренска иницијатива од домаќинот, повторно видовме гол во мрежата на домаќините.

Врдољак погоди за 1:2 на 20 минути пред крајот и Струга имаше нов предизвик пред себе, а иако имаше доста шанси за ново израмнување, сепак не успеа да го совлада голманот Алчевски.

Со овој нов триумф, Брера стигна до трета победа во првенството кое го отвори со одлични резултати против Вардар и Воска, па со максимални „три од три“ е на првото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни