Македонија
Брегалницa го осуди инцидентот меѓу „Фалангата“ и „Лозарите“ во Штип

Денешното дерби меѓу Брегалница и Тиквеш во втората лига на Македонија донесе инцидент меѓу навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“.
Истите се судрија во Штип по што мораше да реагира полицијата за да ја смири ситуацијата. Овие немили сцени веќе ги осудија од Фудбалската Федерација на Македоинија, a сега истото го направи и организаторот, домаќнот на мечот, екипата на Брегалница.
Соопштението на клубот ви го пренесуваме во целост:
ФК Брегалница изразува жалење за несаканиот инцидент кој се случи меѓу дел од навивачите на Брегалница и Тиквеш во пресрет на денешниот дерби натпревар од 14. коло во Втората лига – Исток.
Несаканите сцени апсолутно не се во согласност со начелата кон кои тежнее ФК Брегалница како клуб кој е максимално посветен на определбата за исфрлање на насилството од терените и надвор од нив, и вистински спортски пријател со сите фудбалски чинители во Македонија. Отворено го искажуваме нашиот став за осуда на таквите случувања кои, секако, од ниту еден аспект не може да се поддржат и оправдаат, а кои единствено нанесуваат штета на фудбалот воопшто.
Испраќаме силна порака за максимално фер и коректно навивање и во иднина, како единствен начин за спречување на сите немили сцени, како оние денешните, на и околу нашите фудбалски стадиони. Па, заедно со сите наши поддржувачи и навивачи, ФК Брегалница да биде вистинскиот пример-двигател за промоцијата на спортот во регионот и во Македонија.
-
Лига на нации11 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан23 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП10 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации23 часа
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации24 часа
Катастрофалната грешка на Австријците ја најави победата на Србија во Белград (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации11 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)