Поврзете се со нас

Македонија

ФФМ жестоко ја осуди бруталната тепачка и големиот хаос пред стадионот во Штип (Видео)

Објавено

на

Фото: ФК Брегалница

Брегалница и Тиквеш ги поделија бодовите на теренот и одиграа реми од 1:1, но од друга страна, навивачките групи на двата клуба си поделија боксови и удари со тврди предмети пред стадионот.

Сцените кои пристигнуваат од пред градскиот стадион во Штип се навистина неверојатни, особено во ситуација кога има забрана за посета на спортски натпревари во моменти на пандемија која владее во целиот свет.

Тоа не го испочитуваа навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“, па пред стадионот во Штип владееше вистински хаос кој успеа да го сними телевизискиот сервис „M»Net HD“ кој го сподели вознемирувачкиот материјал во јавноста.

На видеото добро се гледа пресметката меѓу членовите на двете навивачки групи, а локалната полиција веќе започна истрага за расветлување на инцидентот во кој настрада и еден нејзин член.

Со жестока осуда за немилите настани и лошата слика која ја виде јавноста излезе и Фудаблската Федерација на Македонија:

За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.

Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за дискриминација, НЕ за национализам и говор на омраза, НЕ за насилство на стадионите и фудбалските терени.

Фудбалската федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување на поединци или помала група на навивачи, кои нанесуваат штета на своите клубови и фудбалот воопшто. Уште повеќе што се случува во време на здравствена криза и забрана за групирање. ФФМ ја поздравува брзата реакција на полицијата и ги повикува надлежните институции да го процесуираат целиот случај.

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите поддржувачи и навивачи на тимовите од МФЛ, во ова време, пред се да ги почитуваат мерките и препораките на здравствените власти за заштита на здравјето, а пораката за навивање во духот на фер-плејот, почитта и толеранцијата кон противничките екипи и сите љубители на фудбалерот, како Фудбалска федерација на Македонија секогаш ќе ја повторуваме и ќе се бориме за тоа со цел спречување на инциденти како денешниот.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни