Поврзете се со нас

Светски првенства

Бразилците одржаа тренинг по откажаниот меч со Аргентина, голманот Вевертон се прослави со екстра погодок (ВИДЕО)

Објавено

на

Бразил и Аргентина не го одигра дерби натпреварот од јужноамериканските квалификации за Светското првенство, односно дуелот беше прекинат во првите минути откако домашните власти влетаа за теренот затоа што дел од „гаучосите“ ги имаа прекршено ковод безбедностите протоколи.

Се работи за фудбалерите на премиерлигашите Астон Вила и Тотенхем (Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез, Емилијано Буандија и Кристијан Ромеро) кои морале да минат 14 дена во карантин затоа што доаѓаат од Велика Британија.

Мечот беше прекинат, потоа и суспендиран, па сега допрва ФИФА ќе донесе одлука за истиот, но и за санкциите кои дефинитивно ќе ги има.

Инаку Бразилците за разлика од Аргентинците останаа на теренот и откако стана јасно дека натпреварот нема да продолжи одржаа тренинг сесија во која во центарот на вниманието се најде искусниот голман, Вевертон Переира Да Силва.

Вевертон покажа дека може добро да се снајде и на друга позиција на теренот и постигна екстра погодок од далечина кој донесе голема радост кај сонародниците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни