Поврзете се со нас

Италија

Бонучи: Беше болно да се гледа отворањето на СП, ама мораме…

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија не се прослави и загуби на пријателската средба против Австрија која ја одбележи спектакуларниот гол на Давид Алаба.

„Бомбата“ на Алаба го шокираше Донарума, Австрија ја надигра Италија (Видео)

Донарума за ремек-делото на Алаба: Не смеам да примам гол од таа далечина…(ВИДЕО)

„Аѕурите“ претрпеа пораз од 2-0, а истиот според искусниот Леонардо Бонучи се должи на многуте напревени грешки.

-Не бевме на нашето вообичаено ниво, особено во првото полувреме. Направивме многу грешки, знаевме дека Австрија ќе биде агресивна и им оставивме многу простор да нападнат. Јасно е дека овие натпревари имаат за цел да ни помогнат да созрееме и да научиме од искуството, но да се запознаеме подобро, -рече Бонучи кој откри дека дел од фудбалерите го гледале отворањето на Светското првенство.

-Јасно е дека разочарувањето е големо, тажни сме. Некои од нас ја гледаа церемонијата на отворањето на Светското првенство и тоа беше болно. Сепак, не можеме да плачеме по истуреното млеко, тоа е минато и сега не може да се промени, можеме само да гледаме кон иднината.

-Исто како што го изградивме составот за Европското првенство по тоа разочарување на Светското првенство, можеме да го направиме тоа повторно за Лигата на нации и евроквалификациите, -порача стоперот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни