Поврзете се со нас

Свет

„Бомбата“ на Алаба го шокираше Донарума, Австрија ја надигра Италија (Видео)

Објавено

на

Австрија издоминира во првото полувреме на пријателскиот натпревар со Италија и заслужено стигна до победа со резултат 2:0.

Погодоците беа постигнати во тој прв дел, во кој Австрија на Ралф Рангник можеше да биде и поефикасна, но предноста беше доволна за сигурна победа.

Шлагер во 6. минута го отвори резултатот по комбинацијата со Арнаутовиќ, а победникот беше решен со атрактивниот гол на Давид Алаба.

Ѕвездата на Реал Мадрид изведе слободен удар и испрати вистинска „бомба“ во мрежата на Џиџио Донарума, кој немаше решение за ситуацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни