Шпанија
Бојан објави пензија и не го избра Гвардиола како најдобар тренер во неговата кариера
После 16 години минати во професионалните води и откако доживеа многу убави и лоши моменти во фудбалот, Бојан Кркиќ одлучи да стави крај на својата играчка кариера, а тоа го направи во својот дом, во Барселона.
Големиот талент од Ла Масија кој за жал не ги исполни големите очекувања реши да се повлече од професионалното играње фудбал на само 32 години, правејќи неговиот последен клуб да биде Висел Кобе од Јапонија.
Кркиќ ја соопшти оваа вест денеска во Барселона на мини церемонија на која друштво му правеле и Жоан Лапорта и Жерард Пике, но имал и обраќање пред новинарите кои ја пренесоа неговата изјава.
– Со огромна гордост сакам да објавам дека ставам крај на една етапа, ставам крај на ерата како професионален играч. Неизмерно сум благодарен за сето она што го доживеав во фудбалот. Животот носи многу етапи, а во секоја етапа мора да се биде реален. Веќе некое време мислам дека дојде моментот, а сега официјално објавувам пензија. Најголема благодарност до моите родители, до мојот татко без кој немаше да бидам тука, како и до мојата мајка која направи многу жртви за да си го исполнам сонот.
– За мене, најдобар тренер во кариерата беше Рајкард. Не само што ми даде шанса, ми даде и континуитет во Барселона. Веруваше во дете кое имаше само 17 години. После него имав тренери кои беа фудбалски подобри, но без него, ништо од ова немаше да биде возможно, – порачал Кркиќ кој го ставил Холанѓанецот и пред Пеп Гвардиола.
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија21 час
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија21 час
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија23 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Англија16 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината