Поврзете се со нас

Репрезентација

Бледата Македонија и дозволи убедлива победа на Словачка и нејзин пласман во главните квалификации

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија уште еднаш одигра потпросечен натпревар, овојпат против Словачка која не победи во Скопје со високи 88:72.

За среќа оваа негатива не ни значи многу затоа што Словаците не славеа со над 25 поени предност, разлика која ќе не оддалечеше од главните квалификации за Светското првенство кое ќе се игра во 2023 година.

Тоа значи дека со ваквиот резултат Македонија останува првопласирана во групата, пред Словачка која ја оствари зацртаната цел да не победи со најмалку 16 поени предност за да избие пред Швајцарија на табелата и со тоа да се пласира во главните квалификации.

Што се однесува до натпреварот, во првиот дел некако одржувавме резултатска неизвесност, се до последните моменти од втората четвртина кога предноста на Словачка почна да расте.

Најтешко беше кон крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина кога Словаците опасно се доближија до плус 25 поени, но на крајот избраниците на Бајиќ се созедоа па предводени од Адем Мекиќ и Кристијан Николов успеаја да ја стопат предноста.

Николов беше најефиаксен со  17 поени, Мекиќ постигна 16, а на 15 застана Крстевси. Џејкоб Вајли запиша 14 поени, а лош натпревар одиграа капитенот Трајковски кој реализираше само три поени и Стајиќ кој не постигна ниту еден кош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни