Поврзете се со нас

НБА

Беверли го тролаше Лилард по големиот кам-бек на Лејкерс: Часовникот не работи, време е да го ставам во џеб (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс со огромен пресврт успеа да слави над Портланд Трејл Блејзерс со 121-112.

„Езерџиите“ губеа со 25 разлика на овој меч, но се соземаа, покажаа карактер, упорност и изборија триумф против ривалот од западната конференција. Воедно ова беше дуел во кој одново се судрија Патрик Беверли и Демијан Лилард, имаше препупукања, провокации со тоа што на крајот Беверли беше оној што се израдува.

Токму контроверзниот Патрик имаше свое шоу на крајот кога стана јасно кој ќе го однесе триумфот, па така со исмеа, истрола Лилард кој е познат по својата специфична прослава покажување на часовник, дека ова е негово време.

Асот на Лејкерс се обидуваше да го активира „својот часовник“ на раката, па откако вид оти не работи го стави во џебот со што секако алудираше на тоа дека тој ја добил оваа битка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни