Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул

Објавено

на

Реал Мадрид го потврди статусот на фаворит и славеше рутински и убедливо на гостувањето кај Кадиз во Примера (3-0).

Во центарот на вниманието беше Карим Бензема кој беше автор на два погодоци, но и асистент при голот на Одриозола. Оваа негова партија беше доволно да се запише во историјата на „кралевите“, поточно да го израмни рекордот на легендарниот Раул Гонзалес.

Раул имаше даде голови против 35 различни екипи во Ла Лига, учинок кој сега го има и францускиот напаѓач.

Со ова воедно Карим се врати во трката за најдобар стрелец во Шпанија, има само два помалку од Лионел Меси (23/21), плус Реал дојде до првото место во шампионатот со тоа што треба да се забележи дека актуелниот првак има одиграно еден меч повеќе од Атлетико Мадрид и два од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни