Поврзете се со нас

АТП

Бекер излезе од англискиот затвор по осум месеци

Објавено

на

Борис Бекер е пуштен од англискиот затвор во кој престојуваше осум месеци и веројатно ќе биде депортиран во Германија.

Легендарниот тенисер беше осуден на затворска казна поради финансиска измама и тоа од англискиот суд, па затоа и беше сместен во затвор во оваа земја.

Бекер доби две и пол години затвор поради сокривање 2,5 милиони фунти од својот имот, а досега отслужи осум месеци.

Германецот живееше на британско тло од 2012 година, но според законите мора да биде депортиран и веројатно ќе го отслужи преостанатиот дел во својата татковина.

Бекер банкротираше по што судот утврди дека сокрил дел од вредните предмети кои ги поседувал, а во кариерата шест грен-слем титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни