Англија
Бејл по фантастичниот блесок во Премиер лигата: Знам што ми недостасуваше!

Жозе Мурињо не штедеше комплименти за Герет Бејл и воопшто не се двоумеше да каже дека го одиграл најдобриот натпрвар откако се врати во Тотенхем, издание за кое сведочат и самите факти покрај фантастичните движења кои ги имаше во сите 70 минути кои ги мина на теренот.
Тотенхем го победи Барнли со комотни 4:0, а Велшанецот учествуваше во дури три гола на домашниот тим, од кои во два ја имаше улогата на стрелец. Покрај двата погодоци, Бејл во првото полувреме го проигра Кејн со феноменален пас од својата половина и беше директен асистент, а сето ова беше потврда за формата која оди во нагорна линија по малото недоразбирање кое го имаше со Мурињо.
Бејл игра фантастично откако ги санираше последните помали физички проблеми, за што е свесен и самиот тој кој одлучи да излезе со изјава во јавноста после подолго време.
– Да, ова е нивото до кое сакам да се приближам и кое сакам да го прикажувам. Блиску сум до континуитет, ми беше потребно време, но сега сум среќен и задоволен. Физички сум подобар и добивам самодоверба, нешто што навистина ми недостасуваше. На последните неколку натпревари може да се види дека сум многу покомотен, а тоа е така поради самодовербата.
– Презадоволен сум од постигнатите голови и асистенцијата, за се што му помогнав на тимот. Среќен сум во тимот цела сезона, иако не играв многу, во соблекувалната се чувствувам комотно и се забавувам со моите соиграчи. Сега сакам тоа да го покажам на теренот и полека почнувам. Полека се враќам во форма и напорно работам. Знам дека имаше големи критики, но доволно сум искусен околу тоа. Главата ми е на место и свесен сум дека не треба да кажувам нешто глупаво кога има такви ситуации, – изјави Бејл.

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)