Англија
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)

Герет Бејл конечно почна да добива поголема минутажа од Жозе Мурињо и тоа позитивно влијаеше на неговата самодоверба, нешто што најдобро се виде на денешниот натпревар против Барнли во Северен Лондон.
Велшанецот го одигра својот најдобар натпревар во последните неколку години и во победата од 4:0 запиша два гола и една асистенција, фудбалско шоу со кое ги потсети фановите на своите најдобри денови од времето кога првпат настапуваше во Премиер лигата, но и од првите години како член на Реал Мадрид.
Бејл се претвори во топ тема во Лондон по денешниот натпревар на кој одигра точно 70 минути, а за првпат доби и огромни пофалби од страна на својот менаџер Жозе Мурињо.
– Ова е најдобриот Бејл што го видовме. Ова е најдобриот Бејл оваа сезона. Поголема самодоверба, во подобра кондиција, нема лоши спомени со повредите. Неговата лева нога секогаш ќе биде истата лева нога, но промената во ритамот, промената на дирекцијата, брзината и добивањето дуели беа нешто што не можеше да го прави пред три или четири месеци.
– Сега изгледа како играч кој може да го прави сето тоа и го видовме на дело на тернеот. Навистина сум многу среќен за тимот, но посебно сум многу среќен за Герет. Тој е дете на Тотенхем и многу му значи што ги израдува фановите. Навистина сум многу среќен, – изјави Мурињо.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)