Поврзете се со нас

Шпанија

Бејл е веќе минато на „Бернабеу“: Друга ѕвезда на Реал се пофали со неговиот број на дресот (Фото)

Објавено

на

Во моменти кога се очекува официјална разрешница на преговорите меѓу Реал Мадрид и Тотенхем за трансферите на Герет Бејл и Серхио Регилон, од шпанската престолнина продолжуваат да ни пристигнуваат вести кои само ни потврдуваат дека Велшанецот е веќе минато на „Бернабеу“.

Реал Мадрид до тој степен го има отпишано Герет, што и во ситуација кога трансферот уште не е реализиран, одлучи да го додели неговиот број на друга голема ѕвезда од првиот тим.

Денеска беа објавени новите броеви на дресовите за новата сезона, а најголемо внимание привлече промената која ќе ја има на грбот на Марко Асенсио.

Фантастичниот офанзивец ќе ја наследи „11-та“ на Герет Бејл, додека во ново руво во новата сезона ќе го гледаме и талентираниот Винисиус Жуниор. Бразилецот се одлучи да ги следи стапките на Асенсио, па така тој во новата сезона ќе го носи дресот со број „20“ кој досега беше во сопственост на Марко.

– Со овој број имав незаборавни и специјални моменти кои секогаш ќе ги паметам. Продолжуваме….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни