Поврзете се со нас

Италија

Батистута има свој фаворит во трката за титулата во Серија А

Објавено

на

Легендарниот Габриел Омар Батистута го откри својот фаворит за титулата во оваа сезона во Серија А.

Батистута долго време настапуваше во Италија (Фиорентина, Рома, Интер) и многу добро го познава фудбалот во оваа земја, па според него до Скудетото ќе стигне составот на Наполи кој воедно е лидер на табелата.

-Според мене Наполи ќе триумфира, тоа го заслужуваат. Се обидуваа 7-8 години и беа многу блиску. Оваа година се посамоуверени. Предноста што ја имаат е важна и мислам дека конкурентите нема да успеат да ги стигнат, -истакна популарниот Батигол кој говореше и за Рома со која своевремно стана шампион.

-Понекогаш ги гледам. Тренерот им даде ентузијазам на навивачите. Мојот однос со Рома е прекрасен, бевме одличен тим и навивачите се уште ме сакаат. Имам убава спомени, тоа беше одлично искуство, -вели Аргентинецот кој ги сподели своите идеи, планови за во иднина:

-Ја сакам Италија, таму се чувствувам како дома. Поминав тренерски курс, но себеси повеќе се гледам како менаџер. Мислам дека сум подготвен, но не морам да го прифатам првото нешто што ќе ми се појави. Ако дојде некој стимулативен проект, ќе кажам да,-порача Габриел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни