Поврзете се со нас

Англија

Барселона се обидела да ангажира фудбалер на Лидс во финишот на преодниот рок

Објавено

на

Барселона покрај финансиските проблеми и разделбата со Лионел Меси, имаше и драматичен финиш на последниот преоден рок.

Во последен момент беше договорено заминувањето на Антоан Гризман и ангажирањето на Лук де Јонг, а според „Атлетик“, раководството на каталонскиот гигант се обидело да доведе уште еден офанзивен фудбалер.

Лапорта и неговите соработници решиле во последните часови од трансфер пазарот да испратат понуда за Родриго, но Лидс Јунајтед експресно ја одбил ваквата опција и воопшто не сакал да преговара за разделба со шпанскиот фудбалер.

За ситуацијата да биде уште поедноставна за Лидс влијаел и фактот што Барселона сакала да разговара за заем, а не за трошење соодветна сума за ваков трансфер.

Родриго пристигна од Валенсија и има договор со Лидс Јунајтед до 2024 година, а премиерлигашот го смета за еден од најважните играчи во својот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни