Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона подготвува вистинска летна офанзива на супер засилувања

Објавено

на

Шпанските медиуми пренесуваат дека од таборот на Барселона веќе се подготвуват за летниот преоден рок во кој ќе се обидат значително да го подобрат својот тим.

Лапорта ќе ја искористи оваа сезона да ја поправи финансиската ситуација во клубот, а веќе следното лето ќе атакува на атрактивни имиња кои повторно би го ставиле клубот на самиот врв во Европа.

„Мундо Депортиво“ пишува дека каталонскиот клуб размислува следното лето да ги ангажира Дани Олмо од Ред Бул Лајпциг, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Пол Погба кој би стигнал како слободен агент.

Засега најверојатен е трансферот на Олмо кој како што стојат работите ќе се врати во Барселона, додека за Халанд и Погба од раководството на клубот ќе се помачат затоа што за нив има интерес од речиси сите големи европски екипи.

Другиот каталонски весник „Спор“ пак денеска пренесе дека Рахим Стерлинг би можел да реализира трансфер во Барселона, но за разлика од претходно споменатите играчи, тој би стигнал во клубот во јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни