Поврзете се со нас

Евролига

Барселона изненади во Атина, Жалгирис покажа карактер против Црвена Звезда

Објавено

на

foto:www.facebook.com/kkcrvenazvezda

Барселона го изненади Олимпијакос на гостински терен, нанесувајќи му го првиот пораз на грчкиот тим со резултат 66:78 во натпреварот од второто коло на кошаркарската Евролига.

Шпанскиот претставник добро го започна натпреварот, но Олимпијакос се врати во игра, во последниот период дури имаше и плус седум, но Барса успеа да направи пресврт и стигна до важната победа во Атина.

Лапровитола со 17 и Абрињес со 16 поени биле најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај Олимпијакос, Вокап реализирал 14 поени.

Жалгирис не дозволи нов успех на Црвена Звезда, па ги израдува своите фанови со добар финиш и победа со резултат 79:74.

Српскиот претставник имаше плус девет на почетокот на последниот период, но Жалгирис успеа да се врати и на крајот дојде до победата, при што Шмит постигнал 18 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни