Поврзете се со нас

Шпанија

Барса во акција, сака да го врати „бисерот“ од Сити

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона се уште ја нема завршено оваа натпреварувачка сезона со оглед на тоа што има настап во Лигата на шампионите, но без разлика на тоа каталонците веќе размислуваат за потезите кои треба да донесат нова енергија во натпреварувачката 2020/2021.

Добро е познато дека Миралем Пјаниќ доаѓа на „Камп Ноу“ како и уште неколку млади играчи кои беа претходно договорени, но Барса нема тука да застане и нејзина голема желба е да го ангажира Ерик Гарсија.

Сегашниот дефанзивец на Сити е дете на шпанскиот великан, играч кој беше капитен во младите категории пред да 2018 година се пресели во Манчестер. Сега клубот од Примера сака да го врати Гарсија назад, а според „Спорт“ и самиот фудбалер е за таа опција.

Поради ова Барселона ќе седне на маса со Сити по завршувањето на кампањата (ЛШ) и ќе се обиде да дојде до договор. Во случај пак тимовите да не си подадат рака наводно шапнскиот вицешампион е подготвен да чека и до 2021 година и да го добие Гарсија како слободен играч со оглед на тоа што тогаш му завршува договорот.

Ерик кој има 19 години се согласил да се врати дома и да се натпреварува со Пике, Ленгле и Араухо за местата на стоперската позиција. Ова значи дека Самуел Умтити ќе си замине, меѓутоа Французинот засега не сака да чуе за таква опција што секако е проблем за каталонскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни