Поврзете се со нас

Македонија

Бајевски се повлече од функцијата спортски директор во Вардар

Објавено

на

Александар Бајевски во иднина нема да ја извршува функцијата спортски директор на ФК Вардар, а информацијата за повлекувањето ја објави самиот со соопштение на социјалните мрежи.

Поранешниот напаѓач на „црвено-црните“ имаше важна улога во спортскиот дел од менаџирањето на Вардар во тешкиот период во кој екипата играше и во втората лига, а соработката ја завршува на почетокот на сезоната, во која скопскиот клуб се врати во елитата.

– Сакам да ја известам целата спортска јавност и армијата вардарови навивачи дека од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата спортски директор на Вардар.

– Благодарен сум на најголемиот спортски бренд во државата што ми даде шанса и доверба да го водам спортскиот дел на клубот изминативе две години. Чест ми е што бев тука кога беше најтешко и што бев дел од црвено-црното семејство кое со натчовечки напори успеа во “невозможната цел” да се врати таму каде што припаѓа.

– Се заблагодарувам на сите играчи, тренери и вработени во клубот со кои соработував. Никој никогаш нема да може да ја избрише нашата посветеност и приврзаност преку која заеднички поминувавме преку сите препреки кои ги имавме. Порака за навивачите да продолжат да бидат со и покрај клубот во добро и лошо. Вардар е еден и единствен! Од денес продолжувам да бидам најголем навивач на клубот во кој го поминав најголемиот дел од мојот живот. До следна прилика, во некои подобри времиња… напиша Бајевски во своето соопштение за јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни