Поврзете се со нас

Германија

Баерн има чудо од дете: Позната брзината која ја достигнал Дејвис при неверојатниот спринт (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен направи огормен исчекор кон нова титула во Бундеслигата со победата во директниот дуел со Борусија Дортмунд, три бода со кои баварците сега имаат седум плус на првенствената табелата.

Со оглед на тоа што до крајот остануваат само уште шест кола, повеќе од јасно е дека ќе треба да се случи чудо за Баерн да остане без нов трофеј, а приближно таква изјава даде и херојот Џошуа Кимих кој беше стрелец на единствениот гол во „Дер Класикер“.

Кимих го надитри Бирки и постигна фантастичен лоб погодок, но истиот привлече внимание во Германија идентично како спринтот кој го изрежира неговиот тимски колега.

Алфонсо Дејвис стана вирален хит со својот неверојатен спринт и начинот на кој го стигна Ерлинг Халанд, потег со кој не само што ги воодушеви фановите, туку и експертите.

Истите пресметаа дека суперталентираниот бек во толку кратка дистанца успеал да достигне зачудувачка брзина од 35,3 километри на час, при што успеа да го стигне и престигна Халанд, а притоа и да му ја одземе топката.

Во продолжение, погледнете ги неговите најдобри потези од цел натпревар со „милионерите“…..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни