Поврзете се со нас

Германија

Баерн чека соодветна понуда за Горецка

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел го информирал раководството за статусот на фудбалерите и оние кои смета дека може да заминат од Баерн Минхен ова лето, а меѓу нив е и Леон Горецка.

Германскиот репрезентативец досега беше играч за кој Баварците не ни помислуваа на продажба, очекувајќи да настапува долго во редовите на Баерн, но сега ситуацијата е променета.

„Скај Германија“ тврди дека Баерн поставил цена од 40 милиони евра за Горецка и би прифатил да се раздели со репрезентативецот за оваа сума.

Тухел планира да ги форсира Кимих и засилувањето Лајмер во средниот ред, што значи дека Горецка нема да биде прв избор, а досега тој беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, кој наводно има предвид евентуален трансфер на Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни