Европски првенства
Атрактивниот цепелин на Велковски и Мандалиниќ се најде во топ 5 изборот на ЕХФ (Видео)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер несреќно загубија на гостувањето кај ГОГ Гудме во нивниот премиерен настап во ракометната Лига Европа, но добрата претстава во Данска го привлече вниманието на ЕХФ и со еден спектакуларен гол кој беше режија на битолчани.
Тренерот Жељко Бабиќ имаше горчлив вкус по поразот бидејќи неговите играчи го дадоа максимумот на теренот, но уште повеќе поради тоа што воиграните акции од тренинзите беа пресликани на теренот, но тоа не им донесе среќа во завршницата.
Една таква акција на битолчани се најде во изборот на петте најубави голови од страна на ЕХФ, бидејќи атракцијата на Велковски и Мандалиниќ сосема заслужено се најде во потесниот круг во погодоците на колото.
Цепелинот меѓу двајцата ракометари е добра отслика за воиграноста која владее во тимот на Бабиќ, кој очекува среќата да биде на нивна страна на наредните натпревари во Европа.
https://www.facebook.com/ehfeuropeanleague/videos/851799365594900/
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства14 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Светски првенства56 минути
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Репрезентација17 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација15 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Англија17 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…