Поврзете се со нас

Англија

Артета ти потврди гласините: Си оди играч кој освои се во фудбалот

Објавено

на

Микел Артета денеска ја потврди веста која ја најави „Дејл меил“ пред неколку дена, односно ја информираше јавноста дека Давид Луиз нема да стави потпис на нов договор и си заминува од клубот по крајот на оваа сезона.

Искусниот бразилски стопер става крај на авантурата во Арсенал по точно две сезони, иако на големо се шпекулираше дека ќе си замине уште по првата година. Лани, сосема неочекувано, Давид Луиз остана во тимот по инсистирање на Артета, а очигледно шпанскиот стручњак е заљубен во квалитетите на стоперот кој пак не влева голема доверба во очите на фановите со своите игри во изминатите сезони.

– Вистина е, Давид Луиз си заминува. Тој е играч кој освои се во фудбалот и тој има право да носи самостојни одлуки. Тој е фантастичен играч и фантастична личност. Беше привилегија да се работи со него во изминатите 18 месеци откако сум тука. Навистина уживав.

– Имавме навистина добар однос, имавме одлични моменти заедно. Тој многу ми помогна во Арсенал, на теренот, но и во соблекувалната е пример за сите.

– Тој ја донесе својата одлука, а јас поради тоа што многу го почитувам, можам да му посакам се најдобро. Му посакувам многу среќа во следната етапа во кариерата, сигурен сум дека ќе најде нов предизвик доста брзо, – изјави менаџерот на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни