Поврзете се со нас

Македонија

Ангели изборија пласман во првата кошаркарска лига

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Ангели си обезбеди пласман во првата кошаркарска лига, победувајќи го денес Чаир 2030 со 65:62, што значеше и победа од 2:0 во полуфиналната серија од плејофот на втората лига.

Екипата од скопската населба Драчево ги игра своите натпревари во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, а по брејкот на гостински терен, денеска ја заврши работата и се пласираше во финалето на плејофот, иако со гарантиран пласман во елитното друштво.

Партизан Водно Санс го победи Феникс 2010 со 73:72 и го израмни резултатот во серијата, па во ова второ полуфинале, мајсторката ќе го решава вториот патник во повисок ранг.

Победникот на третата средба ќе му биде противник на КК Ангели во финалето кое ќе има ревијален карактер, бидејќи и двете екипи ќе одат во првата лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни