Пливање
Ангелески: Надежната пливачка генерација е столб на идниот олимписки циклус

Крајот на годината вообичаено е време кога се прават рекапитулари и се подвлекува црта за она што е сработено во неа, но и за она што ги очекува во претстојната сезона.
Тренерот Методија Ангелески заедно со Марјан Соколовски – Мане стојат зад групата пливачи кои се етаблираа како наследници на нашите познати имиња од светот на пливањето, а во 2015 година имаа голем напредок со младинците кои во следната година ќе започнат да пливаат како сениори.
ДЕРБИ: Што би одбележале за годината што ја испраќаме?
– Многу пати потенцирав дека ова е една надежна група која е заедно подолго време и кои доколку продолжат со ова темпо на тренинзи дефинитивно имаат капацитети да ги соборат најдобрите резултати во македонското пливање. Љупчо Ангеловски е лидер на групата и минимално се одвои со настапот на Европските игри во Баку, но исто така не смее да се заборави и успехот на Андреј Стојановски од пред две години е сениор и кој беше второпласиран на светското првенство за лица со оштетен слух. Марко Бејатовиќ е веднаш зад нив, но тој е една година помлад и во 2016 година се уште ќе плива како младинец, додека Виктор Смилевски имаше мала стагнација на почетокот, но успешно се врати во финишот на сезоната.
ДЕРБИ: Кои се рекорди беа соборени, покрај оние што се поставени од Анастасија Богдановски и Марко Блажевски на патот кон испливувањето на Б-нормите за Олимписките игри во Рио?
– Анастасија и Марко заслужено одат во Рио како најдобри сениорски пливачи во овој момент. Младите можат да учат од нивната посветеност и да се борат за она што ги очекува во иднина. Ангеловски се истакна на 50 метри грб и го собори рекордот во Баку, додека Бејатовиќ имаше јуниорски рекорд на 100 метри мешано, а заедно со Ангеловски беше финалист на неколку митинзи во странство и кај нас. Виктор Смилевски се издигна на лично највисоко ниво во своите дисциплини, 50 и 100 слободно, а сите заедно се државни прваци во своите дисциплини.
ДЕРБИ: Преоѓањето во сениори често знае да биде проблематично, каде ја гледате најголемата опасност?
– Како што реков, само Марко Бејатовиќ има уште една година како младинец, додека на сите други им претстои докажување и споредба со најдобрите пливачи секаде каде што ќе настапуваат. Не се сомневам во нивната посветеност да истраат во овие моменти, иако знаат дека ќе биде тешко на почетокот, но реално за остварување на сериозна тренинг програма во следните месеци ни се потребни средства. Имено, оваа група пливачи ќе биде столб на идниот олимписки циклус за Токио 2020 година, кој всушност ќе започне оваа година по Олимпијадата во Рио. До таа дата (септември 2016 година), ние треба да реализираме програма која вклучува и подготовки и учество на Европското првенство во Лондон. Моја груба проценка е дека освен базенот и фитнесот кои се овозможени од ПК Бета и СЦ „Борис Трајковски“, потребно е најмалку две илјади евра по пливач за настапи во овој период, во спротивно тие ќе треба да „мируваат“ до септември што никој не го посакува. Сигурен сум дека сите тие ќе успеат в година да се изборат за стаусот на категоризирани спортисти и да ги исполнат стандардите што се пропишани со Законот за категоризација, по што ќе добијат стипендии од државата, но првата година ќе биде најкритична по прашање на финансиите.
-
НБА17 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија13 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино