Поврзете се со нас

Олимписки игри

Американците пресилни за Шпанија, дрим-тимот го неутрализираше ефектот на Рубио

Објавено

на

Американската кошаркарска репрезентација го елиминираше светскиот шампион Шпанија од Олимписките игри и со победата 95:81 покажа дека останува прв фаворит за олимпиското злато.

Новиот дрим-тим немаше најдобар старт на олимпискиот турнир, но не погреши на почетокот на нокаут фазата, дури и против секогаш квалитетниот противник каков што е Шпанија.

По првото израмнето полувреме, Американците го засилија темпото во третиот период и стигнаа до двоцифрена предност, Шпанија успеа да се врати на минус шест, но не го издржа притисокот во последната четвртина, во која репрезентацијата на САД си ја потврди победата со резултат 95:81.

Дурент со 29 поени го предводеше победникот, Тејтум реализираше 13, Холидеј 12 поени, додека без поени во тимот на Грег Попович остана само МекГи, Џонсон и Грент.

Рики Рубио беше најдобар реализатор на теренот со дури 38 поени, а најблиску до него беше Родригез со 16 поени.

Американците во полуфиналето го очекуваат подобриот од дуелот Аргентина-Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни