Поврзете се со нас

Германија

Аматерската реакција на Пјонтек која може да ја чини Херта испаѓање од Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Во заостанатиот натпревар од 29-то коло во Бундеслигата, Мајнц и Херта одиграа 1:1 и ги поделија бодовите, а најголем виновник за тоа е поранешната голема ѕвезда од Серија А.

Кшиштоф Пјонтек блескаше во дресот на Џенова и брзо се претвори како голема мета на најважните клубови во Италија, но откако неговата авнатура во Милан брзо беше прогласена за неуспешна, сега на Полјакот не му оди и во Германија.

Пјонтек се мачи да ја погоди целта во текот на оваа натпреварувачка сезона, а доколку Херта на крајот испадне од елитата, фановите на клубот од германската престолнина долго ќе се сеќаваат на неговата неверојатна утка против Мајнц.

Полскиот напаѓач имаше се на своја страна за да ја затресе празната мрежа, но наместо тоа, го промаши цел гол при резултат 1:1 во 82-та минута, што е ужасно лоша вест за Херта која се бори за опстанок.

Тимот од престолнината во овој момент е на претпоследната позиција која директно води во втора лига со 27 освоени бода, два помалку од Келн кој е на местото кое осигурува бараж, односно три од Арминија и Вердер кој се во сигурната зона. Во самата завршница од бундеслигашката сезона, единствена добра вест за Херта е што има два натпревари помалку од ривалите, па Пјонтек ќе има шанса за поправен испит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни