АТП
Алкарас освои чудесен поен, реакцијата на Мекинро од трибината е најоригинална (Видео)

Карлос Алкарас игра во страшна форма откако го пропушти воведот на сезоната и го прескокна Австралија Опен, па по освоената титула во Индијан Велс, сега го напаѓа трофејот и во Мајами.
Младиот шпански тенисер мина уште една препрека и се најде во полуфиналето на Мастеросто од серијата 1000, откако без проблеми најде решение за разиграниот Тејлор Фриц.
Алкарас победи со 6:4 и 6:2 и понуди серија на извонредни потези на теренот, од кои посебно се издвојува моментот кога беше под притисок и бранеше брејк топка во првиот сет.
Шпанецот одигра чудесен поен и успеа да го егзекутира онака како што замислуваше, па со тоа успеа да го воодушеви и Џон Мекинро кој го следеше четвртфиналето на трибините.
Реакцијата на Џон беше најоригинална, бидејќи нивото на тенис кое го прикажува Алкарас е навистина многу високо, особено ако се знае дека има само 19 години. Алкарас во полуфиналето ќе игра со Јаник Синер, а другото полуфинале го сочинуваат Медведев и Хачанов.
Carlos Alcaraz under pressure is a different breed 🥵@carlosalcaraz #MiamiOpen pic.twitter.com/La8lfKcMEY
— Tennis TV (@TennisTV) March 30, 2023
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 24 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)