Поврзете се со нас

АТП

Алкарас и Монфис режираа тениски спектакл во Мајами, фановите уживаа на трибините (Видео)

Објавено

на

Карлос Алкарас и Гаел Монфис се едни од најатрактивните играчи на АТП турот, па забавата и возбудата беше вистинска гаранција ова утро во Мајами.

Искусниот Французин беше предизвикувач на светскиот рекет број два кој влезе во извонредна форма на турнирот во Индијан Велс, а кој по се изгледа полека се враќа во ритам од средина на минатата сезона.

Карлитос играше брутален тенис се додека не го освои последниот гејм, бидејќи имаше водство од 6:1 и 5:1 и се чинеше дека ќе оствари прелесна победа.

Монфис не се откажа и понуди вистински спектакл во наредните неколку гејма, па на крајот се избори за подостоен пораз од 6:4 и со голема насмевка на лицето го заврши мечот со талентираниот Шпанец.

Двајцата понудија неколку страшни поени во завршницата и тениските фанови можеа да уживаат во истите, а голем дел од нив сигурно ќе бидат и кандидати за најдобри потези на Мастерсот во Мајами.

Со овој триумф, Алкарас се пласираше во осминафиналето, а таму за ривал ќе го има Лоренцо Музети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни