Поврзете се со нас

Балкан

Алиоски се договорил со гигантот од Истанбул

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски е на добар пат да го затвори најважното прашање и да пронајде клупски ангажман за новата сезона.

Алиоски ја заврши приказната со премиерлигашот Лидс Јунајтед, клуб на кој верно му служеше во изминативе четири години. Сега е време за нов предизвик, нов чекор во кариерата и истиот според последните информации ќе биде во Галатасарај.

Најновите вести говорат дека популарниот Џани и Галатасарај си подале рака со што се става крај на шпекуалциите кои беа актуелни во изминатиов период.

Алиоски има 29 години и во досегашната кариера освен во Англија настапуваше во Швајцарија и тоа во Јанг Бојс, Шафхаузен и Лугано.

Инаку гигантот од Истанбул е 22-кратен шампион на Турција, тим кој е преводен од легендарниот Фатих Терим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни