Поврзете се со нас

Италија

Алегри пред дербито: Резултатот е поважен за Наполи

Објавено

на

Макс Алегри денеска одржал редовна прес-конференција во пресрет на утрешното дерби со Наполи, а на истата се обиде да го префрли притисокот на противникот.

Наполи има само еден пораз сезонава и останува лидер во Серија А, додека Јувентус во моментов има поголемо заостанување и не може да се смета за главен фаворит за скудетото.

– Ова ќе биде убав натпревар на распродаден стадион, но нема да биде решавачки за сезоната.

– За нив резултатот е поважен, додека нашата цел сезонава е да обезбедиме место во Лигата на шампионите. Тие се фаворити, освоија 44 поени и имаат само еден пораз. Спалети е најдобар фудбалски педагог и тоа го покажува во Наполи.

– Наше е да одиграме технички добар натпревар против лидерот, да работиме напорно и да ги исправиме грешките, а резултатот ќе покаже дали сме успеале, – изјавил Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни