Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алборг му го нанесе првиот сезонски пораз на Веспрем, Нант сигурен против Целје

Објавено

на

Данскиот прволигаш Алборг направи големо изненадување и славеше над Веспрем со 32-30 во Лигата на шампионите.

Унгарскиот гигант за кој не настапи нашиот Дејан Манасков низ скоро целиот натпревар беше во негатива, ја предноста на гостите кои пак одиграа квалитетно како во првото така и во второто полувреме и на тој начин му го нанесоа првиот сезонски пораз на противникот.

Јул-Ласен со девет голови беше стрелец број еден кај победникот, поразените ги преводеа Борозан и Ненадиќ со по шест погодоци.

Нант пак без Кире Лазаров славеше во Словенија кад составот на Целје со 31-25. Милиќ со 7 и Овничек со 6 гола беа предводници на францускиот прволигаш за кого ова беше второ славје во групата Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни