Поврзете се со нас

Франција

Ал Келаифи со порака за Реал и Барса: Треба да го следат примерот на Јувентус

Објавено

на

Насер Ал Келаифи покрај претседателската улога во ПСЖ ја презема и функцијата претседател на Европската клупска асоцијација, а во последното интервју уште еднаш испратил порака до Реал Мадрид и Барселона.

Тоа се двата клуба кои се уште отворено не се откажале од проектот Супер лига, нешто што последен го направи Јувентус, кој индиректно најави дека разговарал со двата шпански клуба за повлекување од проектот.

Ал Келаифи вели дека Реал и Барса експресно треба да се вратат во членството на ЕЦА и да го заборават неуспешниот проект.

– Никогаш јавно не сум зборувал против овие клубови, само посакувам што побргу да се вратат во нашето клупско семејство.

– Јувентус веќе се повлече од проектот Супер лига, тоа треба да го направат и Реал Мадрид и Барселона. Не сум за конфликт со овие два клуба, туку за соработка, тоа му го кажав и лично на Лапорта. Супер лигата денеска е смешка, проектот беше мртов уште пред да се роди, – рекол Ал Келаифи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни