Поврзете се со нас

Свет

Агентот на Бејл со жестока реакција: Клубот и навивачите на Реал треба да се засрамат, најдобро е да го бакнуваат…

Објавено

на

Џонатан Барнет долго време се противеше д го изнесе својот клиент од Реал Мадрид, но на крајот Герет Бејл конечно си замина од шпанската престолнина и минатата седмица се врати во својот сакан Тотенхем.

Бејл потпиша договор за едногодишна позајмица и постои опција за перманентен трансфер по крајот на сезоната која започна, а со тоа стави крај на една богата седумгодишна етапа во Реал Мадрид, која после сите успеси, беше завршена со две ужасни сезони во кои речиси и да не заигра.

Сепак, Велшанецот може да се пофали дека е играч кој освои четири титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, од кои во две имаше круцијално значење во финалињата, она за „Ла Десима“ и потоа она во Киев против Ливерпул.

– Бејл најверојатно е најуспешниот фудбалер кој некогаш Британија го имала. За некој што направи толку големи нешта во Реал, тој не ја доби заслужената почит и тоа се покажа како голем проблем.

– Не беше добро третиран од клубот, но и од фановите. Залужи друг третман после се што направи за клубот. Тоа што му се случуваше беше вистински срам и фановите не му помогнаа со свирежите. Не сакам да се врати во Реал Мадрид, се надевам дека ќе остане подолго во Тотенхем. Поради сето она што го направи и освои, најдобро е да го бакнуваат подот по кој тој стапнува, – заврши Барнет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни