Поврзете се со нас

Европски првенства

Адеми објасни зошто Македонија може да ја мине групата на ЕП: Сега сме вистинска екипа…

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација во 2021 година ќе настапи на Европското првенство, а за противници во првиот историски настап за нас ќе бидат Холандија, Украина и Австрија.

Тоа се селекции кои на хартија се подобри од нас, но и селекции со кои можеме да се надигруваме, па нашиот репрезентативец Аријан Адеми е оптимист и верува дека можеме да ја минеме оваа група.

-Искрено верувам дека можеме да ја минеме групата, навистина верувам во тоа. Ние сме вистинска екипа, селекторот одлично не вклопи и му честитам на тоа. Претходно Македонија немаше стандардни првотимци и тоа беше проблем, се појавуваа многу играчи. Играше добро, но изостануваа резултатите, секогаш губеше. Сега ситуацијата е обратна, може и да одиграме лошо, ама победуваме. Поради тоа сум убеден дека можеме да направиме успех на ЕП, -истакна Адеми кој го посочи Агим Ибраими како човек кој е најзаслужен за неговиот избор да игра за македонската репрезентација.

-Додека бев помлад, секоја зима одев во Македонија, па дури и на лето. Имав силни чувства за тој регион, таму се баба ми и дедо ми, роднини, имаме семејна куќа, имам пријатели, роднини… Еден од нив е Агим Ибраими кој играше за Шкендија, Марибор и Астана, одигра голема улога во мојата одлука да го прифатам повикот да играм за Македонија. Кој знае, можеби да не беше тој немаше да ја прифатам поканата. Сега сум пресреќен, ме ценат, почитуваат и стварно уживам, -рече капитенот на Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни