Поврзете се со нас

Меѓународни настани

АМС ги додели наградите „8. септември“ за животно дело

Објавено

на

По повод празникот и славењето на денот на независноста на Македонија, денеска Агенцијата за млади и спорт одржа свеченост на која се доделија државни награди за посебни заслуги и остварувања во спортот.

Наградите „8 септември“ ги додели претседателот Дарко Каевски, церемонија на која признанија добија Кочо Димитровски (фудбал), Атанас Николовски (кајак), Слободан Николиќ (спортска медицина), Томе Коцев (борење) и Драган Стојановски (карате животно дело).

– На овој светол празник на нашата држава – 8 септември, голема е честа да се стои покрај овие големи имиња, кои во минатото ги направија горди своите граѓани и својата држава. Годинашните добитници на наградата со тоа што го сторија и се уште го прават за својата земја ја заслужија честа да бидат оние кои на најмладите генерации спортисти, оние кои на европските и светските борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет ќе им го пренесат чувството на вредност на спортскиот пиедестал во насока на промоција на својата земја.Јас од се срце им честитам на годишните носители на Државната награда ,,8-ми септември” и сакам да порачам на најмладите, идните репрезентативци дека Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржи сите млади талентирани спортисти, но, ќе даде поддршка и на останатите спортски работници кои се тука секогаш да им го пренесат знаењето и искуството на најмладите, зошто заедно обединети можеме да чекориме кон вистинските европски вредности за афирмација на Република Северна Македонија, – изјави Каевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни