Поврзете се со нас

Евролига

Звезда со нова победа против редовниот „пациент“, Реал влезе во посакуваниот ритам (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Црвена Звезда ја оствари четвртата сезонска победа во Евролигата и тоа против редовниот „пациент“, италијанскиот претставник Армани Милано.

„Црвено-белите“ влегоа во средбата во Италија со пет победи против овој противник, серија која продолжи со оглед на тоа што избраниците на Обрадовиќ се изборија за триумф од 87-79. Домаќините беа подобри само во првиот период (23-18) по што гостите од Белград почнаа да фаќаат ритам, да направат пресврт, го преземат водството и на крајот дојдоа до посакуваниот резултат.

Лојд со 17 и Волден со 15 кошеви беше први имиња кај победникот, Мицов со 13 поени пак го предводеше домашниот клуб.

Реал Мадрид го доби Макаби Тел Авив со 79-63 за четврти триумф во низа во Евролигата. Четата на Ласо одигра добра одбрана која всушност беше клубот за победата.

Дек и Рендолф искомбинираа 31 поен, на спротивната страна залудни беа 18 кошеви на плејмејкерот Вилбекин.

Во последната средба Алба Берлин благодарение на тројката на Сива славеше над Асвел со 76-75.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни