Поврзете се со нас

Олимписки игри

Златен гол на Асенсио, Шпанија ќе се бори за фудбалско олимписко злато (Видео)

Објавено

на

Марко Асенсио ги израдува шпанските фанови, постигнувајќи гол во финишот на судиско продолжение, доволен за победа на Шпанија над Јапонија (1:0) и пласман во финалето на олимпискиот фудбалски турнир.

Шпанците беа фаворити, но против себе ја имаа одлично воиграната и мотивирана домашна селекција, која не се предаде цели 120 минути.

Во регуларниот дел од средбата, главниот судија од Еквадор досуди пенал за Шпанија, кој подоцна мораше да го поништи откако ја прегледа ВАР снимката, а по неколку шанси на двете страни, двете селекции мораа да играат продолжение.

Решавачкиот момент се случи во 115. минута, кога резервистот Асенсио со убав удар го совлада јапонскиот голман и ги постави конечните 1:0.

Шпанија за олимпиското злато ќе се бори против актуелниот освојувач Бразил и тоа во сабота од 13:30 часот.

Дали знаевте:
Шпанија и Бразил имаат по едно олимписко злато во фудбал, а и двете селекции го освоија на домашен терен (Барселона 1992 и Рио 2016).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни