Македонија
ЗКТМ: Зошто има различни протоколи само за кошарката?
Кошаркарското првенство на Македонија никако да започне, двапати се одложи и нема точна временска рамка за тоа кога би стартувале, би се вратиле возбудувањата во најсилниот кошаркарски шампионат во нашата земја.
Поради ова со реакција се јавија од Здружението на кошаркарски тренери на Македонија (ЗКТМ) кои прашуваат зошто има различни критериуми и протоколи само за кошарката. Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението на ЗКТМ.
-ЗКТМ се огласува по повод различните толкувања на протоколите во екипниот спорт во Македонија. Имено, по првиот позитивен тест на еден играч во кошаркарскиот клуб Работнички, целата екипа заедно со дел од стручниот штаб беше ставена во 14 дневна самоизолација, иако сите беа тестирани и добија негативни резултати. Првенството беше одложено за една недела. Непосредно пред стартот на новиот термин по скрининг тестирање на сите екипи, повторно имаше случај на двајца позитивни овојпат во МЗТ и повторно целосна изолација на сите играчи , а останатите исто како во претходниот случај беа негативни на истото тестирање. Навистина големи нелогичности и различно спроведување на протоколите и законите во иста држава.
Додека сме сведоци во ракометот или фудбалот каде неколку играчи се појавуваат позитивни со симптоми на ковид-19 и во изолација остануваат само 10 дена исклучиво само позитивните, а натпреварите продолжуваат. Неверојатно и необјасниво е како би почнало кошаркарското првенство доколку овие протоколи продолжат да важат само во кошарката. Секогаш ќе постои ризик еден позитивен случај да ја смести цела екипа во изолација, а индиректно да ја суспендира лигата.
Повикуваме до одговорните служби да почнат да ги спроведуваат протоколите во македонската кошарка кои важат за сите екипни спортови во цела Европа, со цел да не се случи уште една сезона која би била неодиграна овојпат воопшто и почната. Штетата од таквиот исход би била несогледлива за многумина кои се дел од овој спорт, како и за младите и нивниот развој.
е разбира дека здравјето на сите партиципиенти и љубители на спортот е најважно, но со придржување и следење на протоколите за ковид-19, ризикот е сведен на минимум, а кошарката како и секој спорт може да продолжи.
Апелираме за брзо надминување на несогласностите со цел што побрз рестарт на првенството
-
НБАпред 20 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 15 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 16 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 13 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Англијапред 20 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Англијапред 17 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)
-
Македонијапред 19 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Италијапред 19 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец