Поврзете се со нас

Англија

Зијеш го „скамени“ Лорис со фудбалско ремек-дело, Конте го претрпе првиот пораз како менаџер на Тотенхем (Видео)

Објавено

на

Антонио Конте се врати на „Стемфорд Бриџ“ како менаџер на Тотенхем со извонреден учинок, но оваа вечер го претрпе првиот пораз во Премиер лигата како предводник на „петлите“ и тоа во натпревар во кој неговиот тим во ниту еден момент не беше достоен ривал на теренот.

Челси доминираше од почетокот до самиот крај и стигна до прилично лесна дерби победа, која беше најавена со вистинско фудбалско ремек-дело до Хаким Зијеш.

Крилниот фудбалер ретко постигнува голови откако пристигна во Челси, но денеска не потсети дека има страшна лева нога и со својата магија го „скамени“ Уго Лорис.

Ова се случи во 47-та минута, а во 55-та веќе беше 2:0 откако Тиаго Силва се најде на вистинско место по еден прекин од левата страна.

Искусниот стопер одлично се снајде и погоди за сигурно водство на домашниот тим, кое беше повеќе од доволно за да се приведе мечот кон мирна завршница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни