Поврзете се со нас

Шпанија

Зидан излезе со објсанување за неочекуваната операција на капитенот Рамос

Објавено

на

Реал Мадрид на доста потежок начин од предвиденото стигна до победа против очајната Уеска која води грчевита борба за опстанок, правејќи пресврт во второто полувреме кое го стартуваше со примен гол и негатива.

Рафаел Варан се истакна како херој и спасител на Реал од нов голем срам, и тоа на денот кога стана познато дека „кралскиот клуб“ сепак подолго време нема да може да смета на лидерот во одбраната и нивен капитен, Серхио Рамос.

По неколкунеделните проблеми, во Реал одлучиле дека проблемите со менискусот на коленото најдобро е да се решат со операција, па капитенот веќе подлегнал на оперативен зафат и ќе паузира најмалку шест седмици.

Оваа вест пристгина во ситуација кога Рамос беше дел од последните тренинзи на Реал пред дуелот со Уеска, па оттаму со изненадување пристигна веста кога сите го очекуваа на теренот, а не во болничкиот билтен на Зидан.

– Повредата на Рамос излезе потешка од тоа што мислевме и за него беше многу важно да го направи чекорот кој го направи. Мораше да се направи операција и тој е мирен. Тој веќе извесно време беше на граница на можностите со тоа колено, од денеска почнува со рехабилитација и го чекаме брзо во нашиот тим, – изјави Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни