Поврзете се со нас

Англија

Жозе сака да го спаси: Мурињо го исконтактирал озлогласениот играч на Јунајтед

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Жозе Мурињо реши да остане во Рома и најмалку да ја доработи последната година од договорот, но пред да се одлучи на таков чекор, имаше сериозен разговор со директорите на италијанскиот клуб.

Иако не даде конкретна изјава, претпоставките се дека Жозе добил гаранција за неколку засилувања во летниот преоден рок, кој за Рома започна со ангажмани на Хусем Ауар и Еван Ндика.

Двајцата фудбалери веќе беа официјално потврдени од страна на клубот, кој пак истовремено ги разгледува и опциите кои се нудат на транфер пазарот во Англија.

Жозе Мурињо веќе успеа да го повлече Тами Ејбрахам од Челси, но последните информации на „Сан“ велат дека Португалецот сака да му ја спаси кариерата и на Мејсон Гринвуд.

Озлогласениот млад напаѓач на Јунајтед се наоѓа во незавидна ситуација, бидејќи по скандалот кој изби сексуален и физички напад, нема заиграно фудбал од 2022-ра година и во моментов е целосно „замрзнат“ од Ерик Тен Хаг.

Јунајтед нема донесено конечна одлука што ќе прави со својот талент, но „Сан“ открива дека Жозе веќе го исконтактирал Мејсон и му препорачал дека Рома и италијанскиот фудбал ќе бидат најдобра дистракција за враќање на вистинскиот пат.

Гринвуд пред неколку месеци беше „исчистен“ од сите обвиненија кои беа испорачани кон него, но Јунајтед тогаш најави дека ќе направи интерна истрага пред да донесе одлука за неговата иднина во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни