Поврзете се со нас

Италија

Жиру: Имам играно дерби пресметки во Лондон, но мечевите Милан-Интер…

Објавено

на

Вечерва се игра дербито меѓу Милан и Интер популарниот меч „Дерби дела Мадонина“ кој секогаш е специјален, носи посебни емоции како на теренот така и на трибините.

Се очекува и денешната „епизода“ да биде посебна, а пред истата свој збор имаше Оливие Жиру човекот кој го реши претходното лигашка дерби и некако му го отвори патот на Милан до Скудетото.

-Моите два гола беа пресвртница во сезоната, мислам дека работите се сменија со таа победа. Тоа нè поттикна да го освоиме Скудетото, затоа што ако го загубивме тој натпревар, сонот ќе згаснеше тука, -рече Французинот кој посочи зошто овие натпревари се посебни.

-Дербито на Милано е посебно. Претходно играв на лондонски дерби пресметки, но тука има поголем притисок и тензија, изјави поранешниот напаѓач на Челси и Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни