Поврзете се со нас

Свет

Жестоки зборови на адреса на Вујовиќ: Неговите тренерски квалитети се еднакви на нула

Објавено

на

Поранешниот хрватски ракометар кој има злато од Олимпијадата во 2004 година во Атина со репрезентацијата на „коцкестите“, Горан Шпрем упати жесток коментар на адреса на Веселин Вујовиќ.

Вујовиќ се споменува како можен кандидат за клупата на репрезентацијата на Хрватска, а Шпрем се спротивстави на таквото нешто потенцирајќи дека тренерските квалитети на Црногорецот се еднакви на нула.

– Вујовиќ беше најдобар играч на светот, за тоа капа до под. Меѓутоа, не сакам многу да зборувам за неговите тренерски квалитети. Моето субјективно мислење е дека тој е навистина маргинален лик во хрватскиот ракомет, иако имаше разни улоги. Не ги заслужи тие улоги и мислам дека неговите тренерски квалитети се еднакви на нула, -изјави Шпрем.

Поранешното лево крило потоа ги посочи Лино Червар и Жељко Бабиќ како идеални решенија за селекторската позиција.

– Червар и Бабиќ се одлични тренери, а Хрватска има многу други, добри стручњаци. Секој направил нешто и дал свој придонес во ракометот. Едноставно, најдобар тренер е оној кој прави резултат, -заврши Шпрем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни