Поврзете се со нас

Свет

Жерар ја спушти „ролетната“, Лазаров и Нант го загубија дербито со ПСЖ

Објавено

на

Кире Лазаров и Нант доживеаа пораз од Пари Сен Жермен од 26-24 во дербито на колото во првата лига на Франција.

„Светците“ во двете полувремиња беа подобри од домаќинот, во првото со 12-11, додека во второто со 14-13, но севкупно нивен најдобар играч беше голманот Жерар кој попладнево беше неверијатен и запиша дури 20 интервенции или поточно имаше успешност на одбранети удари од 45,45 проценти.

Кога се во прашање головите се истакна Хансен со седум погодици. Кај Нант Ривера и Њокас беа автори на по пет голови, Лазаров даде четири од десет обиди.

Нант со 13 бода е на 5 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни