Поврзете се со нас

Репрезентација

Женската репрезентација ги започна подготовките за завршниот меч против Казахстан

Објавено

на

Женската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за дуелот против Казахстан, меч кој е последен од циклусот квалификации за Европското првенство.

Таа средба се игра на 27 ноември во Алмати и за истата во комбинација ќе бидат нашите две најдобри фудбалерки Наташа Андонова и Гентијана Рочи. Националниот тим нема да може да го води Кирил Изов кој доби позитивен тест на КОВИД-19 заедно со три стандардни првотимки, па улогата на предводници ќе ја имаат неговите помошници Ферди Исмаили, Александар Андов и Тања Крстевска.

Атмосферата во репрезенатцијата е одлична, сите сме многу расположени и мотивирани за натпреварот против Казахстан и се надеваме дека на Македонија ќе и донесеме радост и победа. На овој собир за овој претстоен натпревар со нас се и нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова, како и Гентијана Рочи. Се надевам дека со нивна помош и максимално залагање од страна на целата репрезентација ќе успееме да ги донесеме тие три бода и победа за Македонија,– изјави Елма Шемшовиќ

Повикани играчи за пресметката со Казахстан:

Голмани- Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Колевска Верица (ЖФК Деспина),

Одбрана- Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (ЖФК Скопје 2014), Гегова Драгана (ЖФК Скопје 2014), Ана Милчевска (ЖФК Истатов), Синдис Положани (Ас Јунајтед), Маја Ангеловска (НК Крим-Словенија), Сара Коларовска (ЖФК Скопје), Даниела Велеска (ЖФК Деспина), Јулија Живиќ (ЖФК Љуботен),

Среден ред- Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Наташа Андонова (Леванте), Сара Хусеин (ЖФК Истатов)

Елма Шемсовиќ (ЖФК Скопје 2014), Сара Велкова (ЖФК Тиверија), Теодора Николовска (ЖФК Тиверија)

Напад- Теодора Димоска (ЖФК Тиверија), Гентјана Рочи (Купс-Финска), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Кристина Петрушевска (ЖФК Истатов),

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни