Поврзете се со нас

Македонија

Засилувањата стапнаа во Автокоманда: Големиот Хорват го запозна својот нов дом (Фото)

Објавено

на

Металург пред неколку дена ги започна подготовките за новата сезона, но денеска за првпат во Автокоманда беа видени и петте големи засилувања, од кои едно име привлекува посебно внимание.

Сите очи во салата во Автокоманда беа вперени во легендарниот Златко Хорват, искусниот ракометар за кој никој не можеше да предвиди дека ќе го напушти матичниот ППД Загреб и ќе пристигне во Скопје.

Денешниот тренинг ни ја донесе новата реалност во Метарлург и Хорват се запозна со условите во салата која ќе биде негов нов дом, но исто така и со новите соиграчи од кои четворица се исто како него, нови засилувања.

Покрај Хорват, денеска на паркетот беа и Марко Тарабокија, Бранко Канкараш, Момир Рниќ и Никола Потиќ, како и сите останати играчи кои претходно беа дел од тимот кој сега го предводи Зоран Кастратовиќ.

По денешното запознавање со салата, Хорват и останатите нови играчи утре ќе тренираат на фудаблското игралиште во Автокоманда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни