Поврзете се со нас

Европски првенства

Вујовиќ ја анализираше нашата група и ја испофали хит репрезентацијата на ЕП: Тоа е модерен ракомет

Објавено

на

Втората рунда на Европското првенство ќе биде отворена со пресметка меѓу Црна Гора и Хрватска, дуел пред кој легендарниот Веселин Вујовиќ не гледа изразит фаворит поради прикажаното досега на континенталниот турнир.

Доскорешниот тренер на Вардар ги анализира случувањата на Европското првенство како стручен аналитичар за хрватски „Индекс“, па во своето последно излагање, го коментираше и катастрофалното издание на Словенците кои беа во нашата група и кои остварија победа само во првата рунда против избраниците на Кирил Лазаров.

– Црна Гора не е сензација, но секако е изненадување. Сега ќе играат со Хрватска и двете селекции ги познавам нависитна добро. Словенија е многу поквалитетна екипа од двете во моментов, но уште на стартот на турнирот и на мечот со Македонија се виде дека нешто не оди кај нив.

– Се мачеа со Македонија, Данците ги уништија со половина сила, а Црна Гора ги победи со желба и срце и покрај тоа што Словенија е далеку подобар тим. Верувајте, нема да и биде лесно на Хрватска, Црна Гора има фантастичен голман во Симиќ кој на крајот сам ја уби Словенија. Црна Гора ја краси карактер, натпреварувачки дух и немаат што да загубат, – анализира Вујо, кој верува дека најголем хит на Европско првенство е Холандија.

– Холандија е изненадување само за оние кои ракомет гледаат еднаш годишно. Во последните години, Холанѓаните многу вложуваат во ракомет и ова не е случајно. Во Холандија се учи ракомет од ништо, почнаа од нула, но се работи за спортска нација кога нешто ќе науми, тоа го прави максимално сериозно. Не се потпираат на старата југословенска или романска школа, не играат предвидлив ракомет, Холанѓаните веднаш се префрлија на модерен ракомет и тоа го прават фантастично, – потенцира Вујовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни